Меѓународна конференција за безбедност и здравје при работа

Претставници од Македонското здружение за заштита при работа ќе учествуваат на Меѓународната конференција за регионална соработка за безбедност и здравје што од денеска до сабота ќе се одржи во Приштина, Косово.
Конференција ја организира BALcanOSH, мрежа на граѓански организации кои делуваат на полето на безбедност и здравје при работа на ниво на Балканот и кои преку размена на знаење, искуство и добри практики влијааат во обезбедувањето на безбедни и работни места.
Целта на конференцијата е да ги утврди насоките и фокусите на идните истражувања и развојот на безбедноста и здравјето при размена на теоретски и практични искуства.
Досега, вакви конференции се одржаа во Охрид во 2015 година, Блед во Словенија во 2016 година и во Будва во Црна Гора во 2017 година.
Ново на Сител
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
