Меѓународна атлетска трка во Скопје

Меѓународна атлетска трка во Скопје и денеска ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот, соопштија од организацијата на настанот.
Трката насловена „ХалкЕко Скопје трча 10 км“ (HalkEco Skopje Run 10К) предвидено е да почне во девет часот.
- Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на булеварот „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се движи по булевар „Илинденска“ и дел од булевар „Партизански одреди“. Со над 2.000 пријавени учесници од 16 земји, овогодинешното издание се очекува да биде едно од најмасовните и најдинамични досега. „ХалкЕко Скопје трча 10 км“ е сертифицирана од AIMS (Association of International Marathons and Distance Races), што ја потврдува нејзината организациска и натпреварувачка вредност. Токму овој сертификат ја позиционира трката како релевантен меѓународен спортски настан, што привлекува подготвени и искусни атлетичари од регионот и пошироко - пишува во соопштението.
Од Сојузот на спортови на Скопје преку пишана изјава наведуваат дека од година во година се гледа како трката расте и добива сè посилен меѓународен карактер.
- За нас е особено важно што „HalkEco Skopje Run 10К“ успева да го задржи спортскиот и натпреварувачкиот дух, а истовремено да создаде атмосфера што го обединува целиот град - додаваат од Сојузот.
Покрај спортскиот дел, како што е најавено, настанот и оваа година ќе понуди дополнителни активности за учесниците и посетителите.
- По завршувањето на трката ќе биде организирана зона за дружење и забава со музичка програма и DJ-сетови, а долж трасата ќе има повеќе музички точки што ќе создаваат дополнителна енергија за тркачите. Во рамки на настанот ќе биде поставен и „eCrowd“-пункт, каде учесниците и посетителите ќе имаат можност, доколку сакаат, доброволно да донираат средства за оние на кои им е најпотребна помош. Иницијативата „Срце чиста 10ка“ има цел да додаде дополнителна општествена вредност на настанот, без да се наруши неговиот спортски карактер. Организатор на „HalkEco Skopje Run 10К“ е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со атлетските клубови Скопски маратон и Работнички, со поддршка од Министерството за внатрешни работи. Насловен спонзор на трката е „HalkBank“, а покровители се Министерството за спорт и Град Скопје, заедно со бројни партнери и поддржувачи - се додава во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
