Македонија
26. August 2017 - 9:56

Меѓународен тамбурашки фестивал во Куманово

Со настап на „Наши Тамбураши“ и  вокалните солисти Сандра Милковска и Нино Величковски, синоќа во Куманово беше отворен 13. Меѓународен тамбурашки фестивал.

На првата вечер настапија и оркестрот „Тамбураториум“ од Панчево, Република Србија и победниците на „Тамбурица фест“, оркестарот „Д7“  со Душан Свилар, кои повеќе од час и половина ја забавуваа кумановската публика.
 
Фестивалот и годинава е поддржан од општина Куманово и Министерството за култура.
 
„Тамбурашкиот фестивал е синоним за боемскиот живот во Куманово. Изминативе години поминаа многу познати оркестри и признати уметници. Во наредните години очекувам дека ќе се реализира идејата на тамбурашите од градот за организирање трибини и семинари за сите вљубеници во оваа музика, изјави градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.
 
На фестивалот учествуваат  тамбурашки оркестри  од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Унгарија.
 
На втората и последна фестивалска вечер ќе настапат „Кратовски тамбураши и окрестрите Дунавкиње “ од Унгарија, Беќаруше“, женски тамбурашки орекстар од Хрватска, а фестивалот  ќе биде затворен со настап на „ Пљевља од Црна Гора со вокалните солисти Нина Стругар и Мугдин Мухановиќ.