Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2019 – симбол на пријателство меѓу децата по 28 пат ќе се одржува од денеска до 22 септември во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“.
На фестивалот се поканети гости од Јагодина, Србија, Грција, Словачка и Турција, а ќе учествуваат и македонски ансамбли.
Пред централниот настан, ќе се одржи фестивалското дефиле кое ќе почне од ДКЦ – „Карпош“, а ќе заврши на плоштадот „Македонија“.
Централниот настан ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, а фестивалот ќе го отвори директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска. Фестивалот ќе почне со познати македонски игри и ора кои ќе ги изведат членовите на играорната секција од ДКЦ „Карпош“.
Децата играорци преку шареноликоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на својата земја и по 28 пат ќе формираат едно големо „Оро без граници“.
Покрај официјалниот дел, на гостите ќе им бидат претставени атрактивни локации во Градот Скопје како што се Зоолошката градина, Музејот на илузии, Старата скопска чаршија и знаменитостите на Скопје.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
