Меѓународен ден на жената - 8 Март

Во Македонија денеска се одбележува Меѓународникот ден на жената - 8 Март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
По тој повод Музејот на македонската борба организира специјална програма под мотото Жената борец за слобода и македонска државност. Низ потсетување на животниот пат на жените кои се бореле за слободата и државноста на Република Македонија музејот ќе им оддаде почит на неколку жени револуционерки од НОБ во Македонија - Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа, Вера Циривири Трена и Мирка Гинова.
Празникот ќе биде одбележан и од Културно-информативниот центар „Култура 365“ од Охрид организира акција „Книга за секоја жена“’. Женската секција при Конфедерацијата на слободни синдикати ќе го одбележи празникот со делење флаери со кои ќе ги информира граѓаните зошто е потребно синдикално да се организираат. АМСМ организира трибина на тема „жената -фактор за поголема безбедност во сообраќајот“. Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени и бизнис конфередерација на македонија организираат настан на тема „Жени на лидерски позиции: Предизвици и стратегија за нивно надминување“.
Детскиот културен центар „карпош“ ќе ја реализира традиционалната изложба на детски цртежи од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.
Градот Скопје во рамки на седмото издание „Вечери на женски права“ организира Национална конференција за осбележување 10 години од донесување на Законот за еднакви можности на жените и мажите „Финансирање за родова еднаквот и Агендата 2030“. Додека во Кино9теката на Македонија ќе биде прикажан филмот „Слободниот глас на Египет - Навал Ел Садави“ и дебата на тема „Зошто феминизмот има толку непријатели“.
Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.
По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март е прогласен за државен празник.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
