Меѓународен ден на мигрантите

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на мигрантите. Овој датум е избран затоа што на 18 декември 1990 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Меѓународната конвенција за заштита на правата на работниците мигранти и членовите на нивните семејства.
На Меѓународниот ден на мигрантите, од фундаментално значење е да се препознаат не само ризиците и потребите на мигрантите без оглед на полот, туку и нивните вредности и придонеси како активни чинители на промени, социјален напредок и издржливост.
Приближно 281 милиони луѓе се меѓународни мигранти, што претставува 3,6 отсто од светската популација. Широк спектар на фактори продолжуваат да го одредуваат движењето на луѓето. Тие се или доброволни или принудни движења како резултат на зголемената зачестеност на катастрофи, економските предизвици, екстремната сиромаштија или конфликти. Сето тоа значително ќе влијае на карактеристиките и обемот на миграциите во иднина.
На крајот на 2020 година, неверојатни 55 милиони луѓе беа внатрешно раселени (51 милион во 2019 година). Четириесет и осум милиони биле раселени поради конфликти и насилство, додека 7 милиони поради катастрофи. Додека некои региони се погодени повеќе од другите, ниту една нација не е поштедена од ризиците од раселување.
Според извештајот на Меѓународна организација на трудот (МОТ) за глобалните проценки за меѓународните работници мигранти, во 2019 година, бројот на луѓе кои мигрирале на меѓународно ниво заради работа изнесувал 169 милиони. Ова претставуваше
Дополнително, дознаките од странство продолжуваат да бидат од суштинско значење за семејствата на мигрантите во нивните земји на потекло во задоволувањето на нивните основни животни потреби и поттикнувањето на локалните пазари во време кога КОВИД-19 силно ги погоди економиите, особено оние на земјите со низок и среден приход. Среде тековната пандемија, мигрантите продолжија да испраќаат пари во нивните земји на потекло, пркосејќи им на предвидувањата дека дознаките нагло ќе се намалат. Официјално, според Светската банка, евидентираниот тек на дознаки изнесувал 704 милијарди долари, од кои 540 милијарди биле испратени во земјите со низок и среден приход во 2020 година.
Според податоците на Светска Банка во 2020 година, повеќе од 412 милиони американски долари на лични дознаки од странство биле испратени во Република Северна Македонија, што претставува 3,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата. Тоа е речиси за 100 милиони американски долари повеќе во споредба со 2019 година.
Мигрантите, како што велат од Меѓународната организација за миграција (ИОМ), исто така придонесуваат со своето знаење, воспоставените мрежи на соработка и стекнатите вештини во
Ново на Сител
-

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи
-

ЕУ се соочува со голем демографски пад - до крајот на векот ќе остане без 53 милиони луѓе
-

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран
-

Иран делумно го ослободи пристапот до Интернет, дозволени телефонски разговори со странство
-

Маѓар: Ограничувањата на цената на горивата ќе останат на сила и по преземањето на власта
-

Орбан: Јас сум одговорен за неуспехот на изборите, потребна е целосна обнова на десницата
-

Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром
-

Десеттата жртва од нападот во училиштето во Турција
