Меган мора да се поклонува пред Кејт, а ова е причината

И Кејт Мидлтон и Меган Маркл добија титула војводки кога се омажија за своите принцови. Иако двете имаат 36 години и се еднакви по титулата, од Меган се уште се очекува да се поклони пред Кејт.
На поклонувањето со спуштање на главата и свиткување на колениците Меган веќе се навикна, зашто протоколот наложува тоа да мора да го направи во присуство на членови на кралското семејство, особено оние кои се од повисок ранг од неа.
Со оглед на тоа дека Кејт е омажена со идниот крал на Англија, Вилијам, нејзиниот ранг е повисок од тој на Меган.
Принцот Хари, пак, е шест престолонаследник во редот, додека неговиот брат Вилијам е втор, и се наоѓа веднаш зад принцот Чарлс кој би требало да наследи.
Највисокиот женски чин во кралското семејство, консорт – кралицата го доделува на жената на владеечкиот крал. Таа нема да има политичка моќ, но ќе делува нејзиниот социјален ранг и статус.
Иако Меган го доби еден од највиските рангови во кралското семејство, таа ќе мора да се поклони пред сите членови на семејството кога не е во присуство на Хари, зашто не е од кралска крв.
Освен поклонувањето, од Меган се очекува постојано да носи провидни најлонски чорапи. Тоа се очекува од сите дами во кралското семејство.
Ново на Сител
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
