Македонија
5. јуни 2023 - 16:38

Меџити го разреши директорот кој ја направи првата трансплантација на срце во Македонија

Фатмир Меџити го разреши директорот на Државната кардиохирургија. По неколкугодишно менаџирање со установата во која е од самиот почеток на формирањето и го донесе Никола Тодоров во време на владеењето на Груевски, професорот Сашко Јовев не знае зошто повеќе не е на директоркста функција. Решението не го добил бидејќи е на боледување. Но за Меџити се било јасно...тие што не работат и не покажуваат резултати вели дека ги чека истото како Јовев.

-Веќе нема да има директори кои седат и спијат по пет години, 10 години, немаат никаков резултат. Затоа здравството ни е во ваква амортизирана состојба. Секогаш кога ќе има нерегуларности во работењето и во сѐ друго, јас вака ќе постапам. Ова е само почеток, ќе видите понатаму со мене како министер нема некој да седи шест месеци и да нема извештај за сработеното, вели Фатмир Меџити.

Кардиохирургот Јовев го предводеше тимот што ја направи првата трансплантација на срце во земјата и тоа во време на ковид пандемија, добитник е на повеќе награди а последното што го направи за клиниката е отворањето на хибридната сала и спас за многу пациенти кои нема да патуваат во странство. Кој ќе го наследи Меџити не кажа, но вели тоа било место на СДСМ.

И додека Меџити разрешува директори, засега с еуште ништо од вработување на медицински кадар во болници кои со години молат за тоа. Една од нив е битолската каде пред два месеци имаше два смртни случаи на 6 годишно девојче и новороденче, но од нови вработувања ништо.

- Испративме до Министерство за финансии и чекаме одговор. Но не седимие со скрстени раце, ќе има и посебна владина седница за здравство и за овие вработувања, вели Меџити.

Од битолската болница неколкупати барале итни вработувања а алармот беше активиран кога почина 6 годишната Јана Христовска само неколку часа по приемот во болница и смртта на новороденчето на Викторија Крстевска, која се уште ја чека и бара вистината.

- Се уште немам ниту од обдукција ниту некој друг извештај. Јас иако сум најинволвирана во случајот, еве нема никакви информации и се уште не знам што се случи, како се случи и од што почина моето бебе, вели Викторија Крстевска.

Од обвинителството велат дека и за двата случаи се уште не стигнале потребните извештаи.