-->
-->
Медведев: Секој упад на Крим ќе биде објава на војна на Русија
-->
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека секој упад на полуостровот Крим од страна на земја-членка на НАТО може да претставува објава на војна на Русија, што може да доведе до Трета светска војна.
„За нас, Крим е дел од Русија. А, тоа значи засекогаш. Секој обид за продирање на Крим е објава на војна во нашата држава. А ако тоа го направи членка на НАТО тоа значи судир со целата Северноатланска алијанса. Трета светска војна. Целосна катастрофа, рече Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, за новинската интернет страница „Аргументи и факти“.
Тој исто така рече дека Русија, доколку Финска и Шведска влезат во НАТО, ќе ги зајакне своите граници и ќе биде „подготвена за одмазда“, а тоа би можело да ја вклучи можноста за поставување хиперсонични ракети Искандер на „нивниот праг“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста