Свет
10. September 2016 - 14:52

Медведев: Русија да учи од грешките на ЕУ во однос на мигрантите

Русија треба да учи на грешките на Европската унија во однос на миграциската политика што доведе до тоа бегалците од Блискиот Исток да ја преплават Европа, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Во своето гостување на телевизиската емисија „Вести во сабота“ Медведев изјави дека грешките на ЕУ се лекции за Русија.

- Европа е вистински пример за носење неразумни одлуки, изјави Медведев. 

Како што пренесува ТАСС, Медведев истакнал дека Русија треба да гледа на досегашните достигнувања од агол на граѓански мир, етнички и верски односи.

- Ова е многу важна задача за нашата земја, изјави рускиот премиер.