-->
-->
Медиуми: Израел и ОАЕ на тајни состаноци за Иран
-->

Весникот Волстрит џурнал објави дека официјални лица од Израел и Обединетите Арапски Емирати одржуваат тајни состаноци за да разговараат за Иран, кого го сметаат за заедничка закана.
Повикувајќи се на неименувани американски официјални лица, весникот пишува дека израелските и емиратски делегации се среќаваат тајно под покровителство на САД и разменуваат информации за Иран.
Според весникот, првата таква средба била организирана во пролетта од американскиот специјален претставник Брајан Хук, а неодамна се одржала нова средба.
Во написот се додава дека фактот што немаат дипломатски односи не е проблем. Поради палестинското прашање Израел во арапскиот свет има дипломатски односи само со Египет и Јордан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
