Балкан
22. December 2015 - 14:19

Медицинска сестра на одделот за онкологија навредила болна жена од рак -"Да имате малку мозок немаше да дојдете...“

Хаос во болница. Медицинска сестра навредила жена болна од рак па поради тоа била казнета. 35-годишниот Џ.В. претепал медицинска сестра на одделот за Онкологија и радиологоја во Белград, откако неговата мајка која чекала на шалтер за хемотерапија била навредена од неа со зборовите: Да имате малку мозок немаше да дојдете овде бидејќи зрачите како сијалица. 
 
- Мајка ми едвај се држеше на нозе, жената е изнемоштена и тешко болна. Сестрата се повлече и ја навреди. Изнервиран влетав и ја фатив за коса и врат, но не ја удрив. Таа ме турна и изгреба, вели синот на болната жена.
 
Сестрата го обвинува Џ.В. дека ја удрил со дланката по лице. Тој е задржан 48 часа во полиција, а сестрата е задржана на Ургентното одделение.