„Медена ноќ“ на Иво Трајков на меѓународни филмски фестивали

Македонскиот кандидат за оскар на Американската академија за филмови од неанглиско говорно подрачје, филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, во исто време е на повеќе меѓународни филмски фестивали.
По премиерата на Скопскиот филмски фестивал и презентацијата на филмските маркети во Берлин и Кан, „Медена ноќ“ деновиве се прикажува на три меѓународни филмски фестивали - во Германија, Холандија и Грција.
Исто така, на почетокот на ноември, преку „European film promotion“ се претстави на американскиот филмски маркет во Лос Анџелес како македонски кандидат за оскар. Во октомври филмот беше прикажан и во Виена, на фестивалот Let’s CEE Film Festival – Vienna.
Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и Националниот фонд за кинематографија на Република Чешка и претставува копродукција помеѓу Македонија (Кавал Филм), Чешка (i/o post и Soundsquare од Прага) и Словенија (Aatalanta, Љубљана), со учество на Македонската радио телевизија и Радио телевизија Словенија.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
