Фудбал
24. March 2024 - 14:37

Мбапе: Во ПСЖ повеќе не зборуваме за мојата иднина

Килијан Мбапе објасни дека Пари Сен Жермен повеќе не е заинтересиран за тоа каде ќе биде следната сезона. Напаѓачот речиси сигурно на лето ќе замине како слободен играч и ќе го засили Реал Мадрид.

– Во мојот сегашен клуб, прашањето за мојата иднина веќе не е многу тема на разговор. Никој повеќе не зборува со мене за ова, објасни Мбапе во интервју за „Телефут“.

Тој ги повтори и зборовите од петочната прес-конференција на репрезентацијата дека до стартот на ЕП ќе биде јасно што ќе се случи со него.