-->
-->
Мажи и жени минаа низ „спровирачката за среќа“ во Камен Дол
-->

Жителот на селото Тошо Костов за МИА изјави дека со векови на овој ден луѓе овде се провираат низ отвор од карпа, верувајќи дека тоа ќе им донесе здравје и среќа. Веруваат во чудната моќ на карпата, која е во близина на ова село.
Влезот од левата страна прилега на влез во пештера. Овде многуте посетители најпрвин оставаат дарови и палат свеќи, а има и такви што носат и јагне како курбан. По неколку чекори внатре, под карпата, во подисправена положба, се пристапува кон местото на провирање. Чинот се извршува во лежечка положба со главата напред, низ тесен отвор.
Низ отворот, како што појаснуваат жители, се провираат и покрупни луѓе, па оттаму убеденоста дека каменот „магично се шири“.
Костов потврдува дека доаѓаат луѓе од многу места. Од селото до карпата кај која се изведува ритуалот, се пешачи околу еден час по стрмен и карпест предел, на околу 600 метри надморска височина. Ѓурѓовден е селска слава во Камен Дол, чија црква го носи името на светецот свети Ѓорѓија.
Весна Мојсова од Кавадарци изјави дека веќе неколку години на Ѓурѓовден доаѓа кај каменот на среќата, како што многумина го нарекуваат местото.
- Можеби и навистина спровирањето низ магичната карпа ќе ми донесе радост и среќа во животот. Јас верувам во тоа, изјави Мојсова.
На местото можат да се слушнат безброј приказни за исполнети желби и верувања дека можеби тоа се должи на магијата на каменото царство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа
-
Приведен 55-годишен скопјанец, со камења фрлал по хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар
-
ЦУК: Активни три пожари на отворено од 33 изминатото деноноќие
-
Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК
-
Трамп денеска ќе разговара со Зеленски
-
Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор
-
Стејт департментот го осуди влошувањето на човековите права во Европа
-
Франција, Германија и Велика Британија подготвени повторно да воведат санкции кон Иран