Македонија
23. December 2018 - 16:00

Маж пријавен за исчезнат, пронајден мртов во нива во скопско Јурумлери

Пронајден е мртов маж од Петровец кој беше пријавен за исчезнат. Вчера околу 14:30 часот во Полициската станица Гази Баба, 36-годишниот И.Б. од село Јурумлери-Скопје пријавил дека додека извршувал земјоделски работи во неговата нива, забележал тело на маж.

Од страна на медицинско лице констатирана е смрт без траги на насилство и утврдено е дека станува збор за 63-годишниот Р.Ј. од село Петровец, кој претходно бил пријавен за исчезнат. По наредба на јавен обвинител  телото на починатиот е дадено за обдукција.