Македонија
12. December 2023 - 14:47

Маж паднал во бесознаение додека чекал ред за сликање за лични документи во „Пролет“

Пред пунктот на МВР кај полициската станица “Пролет” се случил инцидент каде на повозрасен маж кој долго време чекал на ред за документи му се слошило и се струполил на земја.

Граѓаните кои биле сведоци на глетката за Плусинфо изјавиле дека веднаш била повикана брза помош каде на човекот му е навремено укажана целата потребна нега.