Маж и пратил на сопругата порака „Драга стигнав“: Пораката отишла кај погрешна жена и го уништи нејзиниот живот
На почетокот излгедало само како обична грешка. Сопружници резервирале соба во истиот хотел кај што го поминале медениот месец пред 20 години. Бидејќи авионскиот распоред бил полн, не можеле да закажат лет истиот ден.
Поради тоа сопругот тргнал во четврток, а сопругата требала да дојде во Флорида во петок.
Кога дошол во хотелот, одлучил на жената да и прати мејл и да и јави дека се било во најдобар ред.
Кога го пишувал мејлот, по грешка не напишал една буква од мејл адресата на сопругата, па пораката стигнала на погрешна адреса.
За тоа време во Тексас, една вдовица се вратила од погребот на својот маж кој бил евангелистички свештеник, а починал од срцев удар.
Вдовицата влегла на својот мејл да ги провери пораките со сочуство од роднините и пријателите. Кога го прочитала мејлот паднала во несвест.
Кога влегол синот во собата, ја нашол својата мајка на под. Дошол да и помогне, а потоа го погледнал мониторот и нашол ваков мејл:
„Драга моја, сигурно си изненадена што ти се јавувам. Но овде ставиле комјутери и дозволени ни е да праќаме мејлови на нашите сакани. Таман стигнав и се пријавив. Проверив дали е се спремно за твоето доаѓање утре. Со нетрпение те очекувам. Се надевам дека патувањето нема да биде неинтересно како моето“
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар