Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава

Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8:00 часот наврнал во Маврови Анови – 30 литри на метар квадратен, по што следуваат Лазарополе со 27 и Крива Паланка со 23 литри на метар квадратен. Значителни врнежи се регистрирани и во Охрид - 15 литри на метар квадратен, Штип и Крушево 14, како и во Скопје-Петровец и Виница по 13 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. На одделни места се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд од околу 20 литри на метар квадратен, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Максималната дневна температура ќе се движи од 21 до 29 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината можна е појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолиран град. Температурата во главниот град ќе достигне до 27 степени.
MИА
Ново на Сител
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
