Македонија
27. May 2023 - 16:28
Матурантка од охридската гимназија ја нема на списокот за матура, родителите бараат oдговорност
Матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денеска не можеше да полага државна матура.На списокот меѓу 200 те матуранти нејзиното име изостана па беше вратена дома.Таткото револтиран вели дека поради грешка од надлежните охриѓанката нема да може да се запише на посакуваниот факултет во Словенија.
За овој случај реагирале до сите надлежни инспекторати, од каде велат дека ученичката е обесправена.
На гимназијалката од Охрид и е ускратено и првото два пати да полага државна матура, таа ќе може само еднаш и тоа во август. Министерот за образование Шаќири најави дека ќе го испита случајот.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->