Матилда Бајкова од Карпош, просветен работник на годината

Професорката по македонски јазик и литература Матилда Бајкова која предава во три училишта во општина Карпош по повод Меѓународниот ден на учителот на 5 октомври доби признание „Просветен работник на годината за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно - образованата дејност за учебната 2016/2017“, соопштија од општина Карпош.
- Сојузот на просветни работници од Македонија и го додели ова признание на професорката за особен придонес во просветно- образованиот процес. Матилда Бајкова е специјалист за работа со деца со посебни образовни потреби. Таа е соработник и во многу научни трудови, учествувала на меѓународни симпозиуми од сферата на образованието и информатичката технологија во образованието, се вели во соопштението од општина Карпош.
Професорката Матилда Бојкова предава во ООУ „Јан Амос Коменски“, во ООУ „Аврам Писевски“ и во ООУ „Вера Циривири Трена“.
Признанието беше доделено минатата недела во Ликовниот салон „Бели мугри“ во Велес.
Ново на Сител
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
-

Нема привремено решение за камионџиите, правилото 90/180 останува да важи
-

Јаневска: Усвоивме дел од забелешките за Законот за високо образоваине
-

Македонија се приклучи на спортските игри за млади
-

Сиљановска го пречека Бегај
