-->
-->
Матиќ нов член на „црвените ѓаволи“
-->
Немања Матиќ и официјално стана нов играч на Манчестер Јунајтед откако потпиша три годишен договор со клубот од „Олд Трафорд“. Со овој трансфер српскиот фудбалер повторно ќе соработува со менаџерот Жозе Мурињо, кој му беше тренер и додека беше на клупата на Челзи.
Матиќ во редовите на „црвените ѓаволи“ доаѓа од шампионот Челзи, со кого освои две шампионски титули. Менаџерот на Челзи, Антонио Конте најчесто Матиќ го имаше како играч од клупата.
Според договорот постои можност Матиќ покрај трите години да продолжи уште една во екипата на Манчестер Јунајтед доколку двете страни се задоволни. Тој во новиот клуб ќе игра во дресот со бројот 31.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот