-->
-->
Мастерс: Победа на Вавринка над Чилиќ
-->
Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка синоќа го победи Хрватот Марин Чилиќ со 2-0 во сетови, на два пати се играше тај-брејк.
Ова беше прв триумф за Вавринка на Мастерсот во Лондон по што ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.
На првиот вчерашен дуел Енди Мареј славеше со 2-1 против Кеи Нишикори.
По две рунди во А групата води Мареј со две победи, Нишикори и Вавринка имаат по една победа и еден пораз, додека Чилиќ е последен со два загубени меча.
Денеска на програмата се мечеви од третото коло во А групата. Новак Ѓоковиќ (Србија) за противник ќе го има Давид Гофин (Белгија) кој на турнирот влезе како замена за Гаел Монфилс (Франција) кој се пожали на повреда. Овој меч е закажан за 15 часот.
Од 21 часот се среќаваат Милош Раониќ (Канада) – Доминик Тием (Австрија).
Во Б групата Ѓоковиќ има максимални две победи, Раониќ и Тием по една победа и еден пораз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци