-->
-->
Мастерс: Надал сигурно до победа над Вавринка
-->

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без многу проблеми синоќа ја постигна првата победа на Мастерсот во Лондон, откако во првиот меч од групата „Илие Настасе“ го совлада Швајцарецот Стан Вавринка. Мечот заврши во два сета кои Надал ги доби со 6:3 и 6:2 во гемови. Воедно Надал му се реваншираше на Ваваринка за поразот од пред десетина дена на Мастерсот 100 во Париз.
На вториот меч од оваа група Енди Мареј (Велика Британија) со истиот резултат 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) го победи Давид Ферер (Шпанија).
Во следното коло од оваа група ќе играат Мареј – Надал и Вавринка – Ферер.
Денеска на програмата се дуелите од групата „Стен Смит“:
Томаш Бердих (Чешка) – Кеи Нишикори (Јапонија) и
Новак Ѓоковиќ (Србија) – Рожер Федерер (Швајцарија).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
