-->
-->
Масовна тепачка на свадба: 50 луѓе се тепаа, се додека еден од нив не падна во кома
-->

На една венчавка во Фремонт дошло до тепачка до тепачка на околу 50 мажи, а на крајот едно лице заврши во кома. Свечено облечените гости се снимени со камери како си разменуваат удари и користат кондури како оружје.
Еден човек го претепаа тројца, па тој остана да лежи скаменет на паркингот. Тепачката почнала во хотелот Ројал Палас во Фремонт, во близина на Сан Франциско, а на венчавката имало околу 700 луѓе.
Потоа се прошири на паркингот, каде десетина луѓе си разменуваа удари најмалку 20 минути, пред да дојде полицијата.
Раја Синг, фотографот на венчавката кажа дека тепачката почнала на подиумот за играње.
- Не можам да кажам кој кого собори. Многу луѓе се тепаа. Не знам никого лично, кажал тој за Мирор.
Невестата дала изјава во која истакнала дека проблематични луѓе дошле на нејзината венчавка.
Сопственикот на Ројал Палас за ЦБС кажал дека немало доволно обезбедување таа вечер, но дека сепак не биле во состојба да го запрат насилството. Полицијата соопшти дека двајца мажи останале во болница, а еден од нив е во кома.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите