Машка навика која ги одбива жените
Жените ценат неколку особини кај вистинските мажи, а тоа се искреноста, разбирањето, поддршката и лојалноста. Но, која особина ги одбива од нив?
Кога влегуваат во врска, жените првенствено бираат зрели, стабилни, исполнети и силни мажи. Но, без разлика колкави се неговите квалитети, жените не можат да преминат преку една работа, а тоа е неуредноста.
Истражување спроведено од Storage World покажува дека дури 61 проценти од жените бегаат од неуредни машки соби, односно ги одбива неуреден машки стан. Без разлика дали станува збор за авантура за еден вечер или потенцијална врска, на жените не им се допаѓа кога мажот е неуреден.
Од друга страна, само 25 проценти од мажите признале дека не сакаат да гледаат неуредна женска соба или женски стан. Истото истражување покажало дека дури три четвртини од луѓето во врска имаат проблем со соочување со партнерот кога станува збор за уредноста, што доведува до недостаток на комуникација и проблеми во врската.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници