„Маршалов фонд“: Турција е добра за партнер, но не и за член во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел при недоамнешниот престој во Истанбул го повтори она што го мислат многумина во Европа, дека Турција е добра како партнер од витално значење за Европската унија, но не и како нејзин потенцијален член, оценува „Маршаловиот фонд“.
Посетата на германската канцеларка во екот на бегалската криза и по најсмртоносниот терористички напад во најновата турска историја, всушност имаше за цел ЕУ да добие поддршка од турскиот претседател за заедничкиот акциски план за запрање на бранот бегалци, кој ја загрозува политиката на внатрешните отворени граници на ЕУ, смета Фондот.
Истовремено посетата е дополнителен подарок за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во пресрет на изборите на 1 ноември, на кои доколку неговата Партија на парвадата и развокот обезбеди доволно мнозинтвс, тој би можел да распише референдум за зајакнување на уставните овластувања на шефот на државта.
- Резултатот на општите избори би можел да ја реши политичката судбина во наредните години и да ја нагласи насоката на Турција кон авторитативната, се наведува во анализата на „Маршаловиот фонд“, со седиште во Вашингтон.
Во текстот се наведува дека посетата на Меркел резултираше со одлагање на годишниот извештај на Европската комисија за Турција за по изборите, додека инсајдери во Брисел тврдат дека одлагањето е резултат и на внатрешни процедурални причини.
Предлогот на Анкара да и се даде статус на „безбедна земја‟, кој го олеснува враќањето на одбиените потенцијални азиланти и илегални имигранти во Турција, е загрозен од стравувањата од притисоци врз многу турски писатели, новинари и заговорници за правата на малцинствата.
Истовремено, подготвеноста на ЕУ да овозможи безвизен режим за турските државјани, исто така зависи и од исполнувањето на условите кои вклучуваат правосудни реформи и заштита на човековите права, додека понудата за зголемување на финансиската помош за Турција за трошоците за сместување на повеќе од два милиони бегалци, исто така е обременета со „премногу услови‟, заклучува „Фондот“
Според оценките на „Фондот“, се на се, овој „пакет со тешка содржина‟ претставува мешање во демократскиот процес во Турција, особено во услови кои изборите се близу.
Ново на Сител
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
-

Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови
-

Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
