-->
-->
Марсело стана најтрофеен играч во историјата на Реал
-->
Мадридски Реал ја потврди својата доминација во шпанскиот фудбал откако вечерва со триумфот на домашен терен над Еспањол (4-0) ја одбрани шампионската титула, а Бразилецот Марсело стана најтрофеен играч во историјата на „Кралскиот клуб“.
Реал ја обезбеди титулата на четири кола пред крајот на сезоната во Ла Лига со головите на двојниот стрелец Родриго, Асенсио и Бензема.
За Реал ова е 35 шампионска титула во Шпанија, додека Марсело го освои 24 трофеј откако дојде во редовите на клубот од Мадрид.
Барселона е втора на вечната листа со 26 шампионски титули, додека градскиот ривал на Реал, Атлетико има 11 титули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро