Фудбал
2. August 2023 - 14:40

Марсело му се извини на Санчез откако ненамерно му ја скрши ногата | ВИДЕО

Легендарниот бразилски фудбалер, Марсело, се огласи на Инстаграм откако му ја скрши ногата на Лучијано Санчез.

Офанзивниот бек на Флуминенсе без намера го згазна противникот на натпреварот од Копа Либертадорес против Аргентинос јуниорс.

Сосема очекувано, Марсело доби директен црвен картон, и го напушти теренот плачејќи и држејќи се за глава.

- Денеска го доживеав најтешкиот момент во кариерата. Ненамерно повредив колега. Лучијано Санчез, ти посакувам најдобро можно опоравување и сета сила на светот, напиша Марсело.