-->
-->
Марс окован во мраз - ова е прва фотографија од заледената Црвена планета
-->

Европската вселенска агенција (ЕСА) објави прва фотографија од со лед прекриен огромен кратер на Марс, која е направена од нејзиниот орбитер.
Научниците направија комбинација од три фотографии на кратерот Корољев, направени на 15 април од висина од 400 километри.
Водечкиот истражувач Николас Томас изјави дека и боите на таа фотографија се прилагодени за што повеќе да потсетуваат на оние кои се видливи со човечко око.

Камерата која е користена е еден од четирите инструменти на орбитерот, дизајниран да бара гасови како што е метанот, што би можело да биде наговестување за биолошки или геолошки активности на Марс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
