Мароко го забрани производството и продажбата на бурки
Мароканските власти го забранија производството и продажбата на бурки - исламска облека која целосно го покрива телото и главата на жената, јавија француските медиуми.
Министерството за внатрешни работи на Мароко испратило циркуларно писмо до своите службеници одговорни за трговијата во градовите низ земјата, во кое им се наредува од оваа недела веќе да не го одобруваат производството и продажбата на бурки.
Самото Министерство не издаде никакво соопштение за ова прашање.
Во некои трговски квартови на Казабланка, економската престолнина на Мароко, службениците на Министерството за внатрешни работи вчера ги информирале трговците за новата одлука на властите.
Управителот на градот Тарудант на трговците, кои произведуваат и продаваат бурки, им наредил во рок од 48 часа да ги уништат своите резерви и да ја прекинат секоја трговска актвиност што ја вклучува оваа облека, покажува документ објавен на социјалните мрежи.
Истото се случило и во малиот град Вислан, каде локалниот управител бурката ја нарекол „авганистански никаб“.
Преземени се мерки и за забрана на увоз на бурки во земјата, изјави за сајтот „Ле 360“ висок претставник на Министерството за внатрешни работи.
Според мароканските медиуми, бурката била забранета од безбедносни причини, бидејќи таа многу пати била искористена од криминалци.
Ново на Сител
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД