Марковиќ: Следните избори во Црна Гора ќе бидат одржани во 2020 година

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека следните парламентарни избори во земјата ќе бидат одржани во 2020 година, со што го отфрли барањето на здружената опозиција за повторување на изборите во земјата најдоцна до претседателските избори што ќе се одржат во 2018 година.
Опозицијата, која ја блокира работата на Парламентот, не ги признава резултатите од парламентарните избори на 16 октомври.
Тврди дека изборите биле нерегуларни, одржани во атмосфера на обид за државен удар врз институциите, за што црногорското обвинителство терети голем број руски и српски државјани.
Премиерот Марковиќ, потсети дека на опозицијата и понудил места во Владата и уште еднаш ги повика да го прекинат бојкотот во Собранието, со појаснување дека Владата има целосен легитимитет.
Претставниците на опозицијата во црногорскиот Парламент претходно најавија дека ќе ја бојкотираат работата на законодавното тело, во кое учествуваат демократите, Социјалдемократската партија, Демос, Граѓанското движење УРА и Социјалистичката народна партија, се додека не се утврди вистината за обидот за државен удар на 16 октомври, но и додека не биде потврден датумот за нови избори.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
