-->
-->
Марка: Зидан ќе го прати Роналдо на одмор во август?!
-->
Европскиот шампион Реал на 8 август, на натпреварот во Суперкупот на УЕФА, против Манчестер Јунајтед во Скопје, ќе игра без својот најдобар играч Кристијано Роналдо, тврди Марка.
Овој весник, кој е близок до Реал и секогаш е добро информиран за сè што се случува во „Кралскиот клуб“, тврди дека Кристијано Роналдо ќе одмора во периодот кога ќе се игра Суперкупот на УЕФА.
Ова било одлука на тренерот Зинедин Зидан, кој е свесен дека неговиот најдобар играч има 32 години и дека ќе му треба одмор по настапот со репрезентацијата на Португалија на Купот на конфедерации во Русија.
Купот на конфедераци во Русија ќе се одржува од 17 јуни до 2 јули, а Роналдо потоа од клубот ќе добие одмор од еден месец, што значи дека тој со полесни тренинзи ќе почне во периодот кога ќе е предвидено одигрувањето на Суперкупот на УЕФА.
Покрај дуелот со Манчестер Јунајтед во Скопје, Португалецот претходно ќе го пропушти и пријателскиот натпревар со Барселона, кој ќе се игра на 29 јули во Мајами.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата