Марија Габриел: Работам на намалување на тарифите за роаминг за Западен Балкан

Работам на идејата за намалување на тарифите за роаминг за земјите од Западен Балкан, изјави бугарската еврокомесарка Марија Габриел на работната средба во Брисел со пратеници од шест балкански земји, меѓу кои и Македонија.
- Сега е моментот. Тоа е можност за Балканот, за ЕУ и за Бугарија, која ќе го преземе претседателството на Советот на ЕУ во јануари следната година, истакна еврокомесарката за дигитализација.
Таа нагласи дека дигиталната интеграција на Западен Балкан е нејзин приоритет и ги информира пратениците дека работи на идејата во иднина европската иницијатива wifi4eu да ги опфати и балканските земји.
Очекувањето на Габриел е првите илјада ваучери од wifi4eu да ги добијат европските држави во јануари 2018 година. Целта е меѓу шест и осум илјади општини од цела ЕУ да имаат бесплатен пристап до интернет на јавни места, како што се библиотеки, училишта, болници.
Шестмината пратеници ја изразија својата целосна поддршка, оценувајќи дека „проширувањето на иницијативата кон земјите од Западен Балкан би била единствена можност за секоја од нив“. Тие сметаат дека тоа ќе биде огромен успех, а на граѓаните во нивните земји ќе им се покаже дека се Европејци.
- Тоа ќе биде сигнал кон сите земји од регионот, изјави од своја страна македонскиот пратеник Влатко Станковски.
Бугарската еврокомесарка побара „земјите од регионот да се вклучат во сите дигитални иницијативи на ЕУ“,
- Поврзаноста на нашите земји, кибер-безбедноста и развојот на дигиталните способности на луѓето се мои јасни задачи и ја имате мојата поддршка, додаде Габриел.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
-

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК
-

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ
-

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
