Маричиќ: Јазикот и идентитетот не се предмет на преговори со Бугарија и тоа да е јасно засекогаш
„Разговорите со Бугарија се водат врз основа на Резолуцијата изгласана во Собранието. Разговараме за сите отворени прашања и за сите може да се најде решение доколку има волја од двете страни“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во гостувањето во Дневникот на Сител ТВ и додаде дека јазикот и идентитетот не се предмет на преговорите со Бугарија.
Тој додаде дека не е дефинирано дали договорениот документ со Бугарија ќе биде дел од преговарачката рамка, но во секој случај таа рамка ќе содржи елементи од договореното со Бугарија.
„Ние сме должни да бидеме оптимисти за почетокот на преговорите, но тоа не значи дека по секоја цена ќе постигнеме договор“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот повтори дека кога ќе биде поконкретно дефинирано решението со Бугарија тоа ќе биде искомуницирано со јавноста и опозицијата, бидејќи за дел од точките ќе треба да се усогласат ставовите на сите политички актери.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
