МАР: Измените на Законот за минерални суровини се штетни за рударството
Македонската асоцијација на рударство (МАР) повторно апелира да не се носат измените на Законот за минерални суровини по скратена постапка, туку претходно да се организира јавна дебата со сите засегнати страни, државата, бизнис заедницата и невладиниот сектор, за да се покаже дека не се само рудниците загадувачи на животната средина, туку дека врз тоа влијаат и многу други фактори.
Како што рече денеска претседателот на МАР, Николајчо Николов, измените на Законот се лоши, исклучително штетни, нелогични, селективни, недоречени и неприменливи во пракса.
- Продолжува хајката против рударскиот сектор. Тенденциозно се туркаат измените на Законот за минерални суровини по скратена постапка иако со нив, не само што нема да се реши ништо, туку и дополнително ќе се искомплицираат работите. Како да е целта да се добијат некакви поени, нагласи Николов на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.
Тој апелира пратениците добро да размислат пред да ги поддржат измените, а медиумите да помогнат да се дознае вистината.
- Не го поддржуваме рударството, туку сакаме да се дојде до вистината. Ако се докаже дека рудниците се тие што ја загадуваат животната средина, први ќе се повлечеме, порача претседателот на МАР.
Нестручен е пристапот, оцени Николов, во дефинирањето на измените зашто од нив не се гледа што треба да се постигне. Законот, веројатно, го креирале луѓе од кои дел воопшто не виделе руда.
Измените на Законот за минерални суровини ја поминаа расправата во Законодавно правната комисија и се пред пленарна седница.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта