МАНУ организира свечен собир посветен на Блаже Конески
Во рамки на одбележувањето 50 години од основањето, Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне ќе организира свечен собир посветен на нејзиниот прв претседател и еден од нејзините основоположници - академик Блаже Конески.
Собирот ќе го отвори претседателот на Академијата Таки Фити, а обраќања ќе имаат и академиците Зузана Тополињска, Милан Ѓурчинов, Матеја Матевски, Георги Старделов и професорите од универзитетите во Торонто и Чикаго - Кристина Крамер и Виктор Фридман, кои се надворешни членови на МАНУ.
Првиот претседател на МАМУ, академик Блаже Конески (Небрегово, 19 декември 1921 - Скопје, 7 декември 1993), е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор.
Ново на Сител
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор