-->
-->
МАНУ одбележа 51 година постоење
-->
Програмата на Македонската академија на науките и уметностите за 2018-та, која беше комплексна, разновидна и богата, од јануари досега се реализира со задоволително темпо и без посебни проблеми, оцени претседателот на МАНУ Таки Фити во речта што ја одржа по повод 51 година од основањето на Академијата.Резимирајќи ги активностите на МАНУ во изминатите девет месеци, Фити истакна дека го радува што е во пораст бројот на научни проекти и трудови, особено во доменот на правото и економијата, но и во уметностите, а задоволен е и од меѓународната соработка.
- Таа и натаму се продлабочува и развива, нешто што е многу значајно за мала земја и мала академија, бидејќи придонесува за репутацијата на Академијата, за македонската наука и на уметностите, истакна претседателот на МАНУ на свеченоста. Посочи и дека Академијата годинава имала двајца гости нобеловци - Видет Бушамауи, нобеловка за мир, и Ферид Мурад - добитник на Нобелова награда за медицина.
Две домашни научни конференции, рече, посебно треба да се одбележат - за договорите на Република Македонија со Република Бугарија и со Република Грција.
Покрај за проектите, организираните собири, форуми и конференции, Фити соопшти и дека МАНУ оваа година бележи богата издавачка дејност. Од почетокот на 2018 објавени се 30-ина изданија - научни трудови од различни области. Годинашната издавачка продукција беше претставена на изложба во холот на МАНУ.
По повод роденденот на МАНУ, беше доделено највисокото меѓународно признание на Академијата - „Блаже Конески“, именувано по нејзиниот прв претседател. Годинашни добитници се Јоланта Сујецка од Полска и Јуми Накаџима од Јапонија, а им е доделено за придонесот во афирмацијата на македонскиот јазик во нивните земји.
Професорката од Токио Јуми Накаџима е прва добитничка на ова признание од Азија. Јоланта Сујецка присуствуваше на настанот и се потсети на првата посета на Македонија во 1999 година и на луѓето од МАНУ, Архивот и од Институтот за национална историја со кои соработувала при проучувањето на македонсиот јазик.
МАНУ го слави 9 октомври - датумот на кој во 1967 година било одржано нејзиното конститутивно собрание. Наредниот ден (10 октомври 1967) Академијата била свечено отворена
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рама најавува нови мерки: Пониска возраст за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Apple чекал 15 години за првиот преклопен iPhone: „Не сакавме да направиме евтин и неквалитетен телефон“
-

Македонскиот крем – де ла крем со предновогодишен концертен спектакл: Сузана, Наум, Миле и Баже со нивните гости во кафеанска ноќ за паметење!
-

Приведена жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142км/ч на место каде дозволената брзина е 50км/ч
-

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
-

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда
-

Данас: Српски филмски здруженија ќе поднесат кривична пријава против министерот за култура Никола Селаковиќ
-

ЈП „Комунална хигиена“: Ставени во употреба новите специјални комунални возила
