Манолис Кефалојанис: Одлагањето на стартот на преговорите не треба да ги разочара Скопје и Тирана
Донесувањето одлука за старт на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е одложено за мај 2020 и тоа не треба да ги разочара двете земји кандидати и нивните народи, вели претседавачот на Делегацијата на Европскиот парламент при Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија, Манолис Кефалојанис во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“ (ЕВБ).
– Двете земји треба да продолжат со напоите за целосно спроведување на неопходните реформи без отстапување од нивната европска ориентација и нивната европска иднина. Грција смета дека во сегашните околности ЕУ може да го започне пристапниот процес, кој би довел до нивно вклучување во големото европско семејство. Тоа е нешто што би придонело за стабилноста и мирот на балканскиот регион, кој има искуство на многу турбуленции изминативе векови, вели грчкиот европратеник Кефалојанис, кој е член на владејачката партија во Грција, Нова демократија.
Тој се надева дека до мај идната година „ќе бидат отстранети сите забелешки на Франција“ и дека ќе почнат преговорите за членство со двете балкански земји.
Според Кефалојанис, евентуалното раздвојување на преговарачкиот процес на Северна Македонија и на Албанија би испратило „погрешна порака“ и би предизвикало повеќе проблеми, отколку што би решило.
– Тоа би отворило повеќе прашања поврзани со политичката стабилност во Албанија и би предизвикало антиевропски дискурс меѓу албанските лидери и општество, кои би увиделе дека нивните напори биле залудни, вели Кафалојанис во интервјуто за ЕВБ.
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка