Манијак снимен како фаќа малолетни деца

Безбедносните камери снимија морбиден момент во кој манијак крај едни грмушки фаќа 11-годишно девојче кое си одеше на школо. Бизарната и вознемирувачка случка се случи во англиски Манчестер.
На снимката се гледа како од левата страна доаѓа девојче во розово капутче и пластична ќеса. Наското и мажот во темна јакна и панталони ја преминува крстосницата. Врз главата носи голема качулка. Го следи девојчето, Таа по сè изгледа сфаќа дека ја следи, бидејќи го забрзува чекорот. Типот ја стигна кај дрвата и се гледа како ја фаќа.
Снимката потоа прескокнува неколку моменит, па го дава девојчето како си заминува. А потоа го дава кадарот во кој девојчето бега и понатаму држејќи ја пластичната ќеса.
Морбидната снимка која на 10 јануари ја снимија камерите на приватен објект беше предадена на полицијата во Манчестер, која потврди дека е покрената истрага. Девојчето успеа да му побегне на напаѓачот, а школото ги предупреди родителите на таа област. Во известувањето до родителите се истакнува дека еден ден пред нападот кој го снимиле камерите, пријавен е сличен инцидент.
Ново на Сител
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
