Манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип

Вкупно 200 домаќинки од 18 општини од земјава и странство утре ќе бидат дел од манифестацијата „Зелникот на баба“, која по шестти пат ќе се одржи на Градскиот плоштад во Пробиштип.
Раде Илиевски од општина Пробиштип на денешната прес-конференција рече дека сите подготовки се завршени, а домаќинките на штандовите ќе ги понудат своите зелници, кои ќе се продаваат на парче.
- Средствата кои ќе се соберат ќе одат за хуманитарни цели. Годинава манифестацијата ја збогативме со повеќе содржини, за да бидеме малку поразлични, да не бидеме досадни. Значи годинава воведовме натпревар во брзо сукање, а за кој и самите сме изненадени за големиот интерес на учесниците. На лице место ќе има и демонстрација на тоа како се изготвува овој наш традиционален специјалитет и како се пече под вршник, вели Илиевски.
Во рамките на манифестацијата „Зелникот на баба“ ќе има и обука на младите домаќинки, како да сукаат зелник. За да се поттикне креатинвноста кај учесниците воведена е и награда за најдобро украсена етно маса.
- Сметаме дека со сите овие содржини ќе ја збогатиме програмата, а кога сме веќе кај програмата целата манифестацијата ќе биде пропратена со богата музичка програма, ќе настапуваат три културно уметнички друштва, ќе настапува музичката група „Еуфорија“ и Блага Петревска, вели Илиевски.
Манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип ќе се одржи утре со почеток во 12 часот на Градскиот плоштад
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
