Манев: Со солзи во очите ја закопав Вања откако Палевски со пиштол и перниче во раката и испука куршум
По продолжувањето на рочиштето, осомничениот Велибор Манев продолжи со сведочењето околу убиството на 14-годишната Вања.
- Откако ја ставивме во гепек, ги следев насоките за движење на Палевски. Тој возеше пред мене, јас по него. Стасавме пред местото Оризови дупки. Го отворивме гепекот. Палевски ја праша како се вика, кој и е мајка и татко. Откако тоа го дозна, ни рече да ја извадиме надвор од колата. За да ја слика и да може да прати слики на фамилијата.
Истакна дека кога ја извадиле од колата, ја откопчале вреќата, го извадилеселојтепот, видел дека не е жена, туку дете.
- До него бевме со Влатко, му рековме дека е грешка и да ја пуштиме. Под маски сме, не не видела и да ја ослободиме. Палевски рече да прекинам, дека ништо не разбирам, дека се било чисто, нема што да се бере гајле, дека првичната сума што ни ја понудил за грабнувањето, нема да може да ја земеме, дека ќе биде помала. Ние заќутивме. Се свртев да гледам према лозјето, не беше кроено оддамна. Да видам во која од собите, што ги имаше од бетон, да се внесе таму. Додека гледав, Палевски приде до Вања со пиштол и со перниче во раката и испука куршум. Повторно бев надвор од себе.
Палчо се врати до пикапот, и извади нова лопата и ашов, ги фрли према нас и нареди да ископаме дупка за да се закопа детето. Копавме во смрзнатата земја. Ја фати од едната страна, од кај главата, а јас и Влатко од другата страна и ја сшуштивме во дупката. Палевски ја извлече вреќата и ја фрли во возилото на Панче Жежов. Нареди да закопуваме, со солзи во очите, без да ме видат, почнав да закопувам и јас. Кога го завршивме тоа, ми нареди да тргнам по него со колата. Јас го возев возилото на Панче, а тој возеше напред со ,,реното кангу”, раскажуваше Манев.
Манев потоа додаде дека Палевски го запалил возилото на Панче Жежовски.
Ново на Сител
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење