-->
-->
Манчини: На Интер му требаат неколку години да стане шампионски тим
-->
Тренерот на Интер, Роберто Манчини изјави дека во моментов неговиот тим е далеку од конкурентен за титулите во Италија и Лигата на шампионите, а за да стигне до трофеј ќе му треба неколку години.
– Потребно е време да се направи победнички тим, а мислам дека Интер заостанува неколку години. Знаеме дека ќе биде потребно време и мораме да поминеме низ тешка ситуација, изјави Манчини.
Пред осум кола Интер беше лидер во Серија А, но оттогаш има остварено само две победи и падна на петтото место со 12 бодови негатива во однос на првопласираниот Јувентус.
Сепак Манчини е оптимист дека може да се обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.
– Мора да продолжиме со напорна работа. Ни фали концентрација во одредени моменти и посмирена игра за да стигнеме до посакуваното трето место кое обезбедува учество во квалификациите од Лигата на шампионите, додаде предводникот на Интер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба