Манчевски: Македонија е заложник на барање за амнестија и лични интереси
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека сите реформи во Македонија, вклучувајќи ги и медиумските, се предмет на заложништво заради лични интереси на поединци со партиска позадина и заради барање за амнестија. Тој денеска во Собранието присуствуваше на Комисијата за транспорт врски и екологија каде се разгледуваа амандманите за законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Денешната седница на Комисијата во Собранието повторно покажува дека опозицијата сака да го блокира процесот на носење на овој закон. Медиумските реформи и сите останати реформи во Македонија се предмет на заложништво заради лични интереси на поединци со партиска позадина и заради барање за амнестија, изјави Манчевски, кој исто така е дел од работните групи за законите што вчера беа тема на лидерската средба и за ДИК.
Според него, работните групи се уште работат на детали на законите.
За тоа дали е точно дека ВМРО-ДПМНЕ барале бришење на членот 165 од Кривичниот законик, Манчевски рече дека имало и „такви барања, и некои други барања за аменстија“ и оти се работи за генерално барање за амнестија, но тој не би навлегувал во детали. Со повеќе детали најави изјава од неговата партија СДСМ.
- И Македонија и референдумското прашање се заложници на барање за амнестија и за зачувување на лични интереси, тврди министерот Манчевски.
Зборувајќи за амандманската расправа за законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, тој кажа дека тема било се и сешто освен медиумските реформи. Ги повика и апелираше до програмскиот совет на МРТ и до првите луѓе на Агенцијата за медиуми да поднесат оставки за да дозволат да се случат реформите во медиумите.
- Да дозволат медиумските реформи да се случат во Македонија, политичарите да ги тргнат рацете од медиумите и да дозволат транспаретна постапка во која тие самите ќе може да аплицираат и ќе може да бидат избрани, рече Манчевски.
Ново на Сител
-
Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ
-
Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби
-
Почина тригодишно дете од Кавадарци
-
ЕК: Бугарија ги исполнува условите за влез во еврозоната од 1 јануари
-
Димитриеска-Кочоска: Проблемот околу инфлацијата е комплексен, работиме во континуитет и треба време да се среди
-
Во тек се преговорите со министерствата за ребалансот на буџетот, кој во Собрание треба да се најде најдоцна до 25 јуни
-
Вицепремиерот Стоилковиќ и турскиот амбасадор Улусој ги посетија подрачните училишта во Бучим и Тополница
-
Одложувањето на гласањето на предлог-извештајот во АФЕТ голема победа на македонската дипломатија, порачаа амбасадорите Боцевски и Јолевски