Манчестер Сити конечно ја освои ЛШ
Фудбалерите на Манчестер Сити за првпат во историјата станаа шампиони на Европа, откако во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул го совладаа Интер со резултат 1:0 (0:0).
Тимот на Пеп Гвардиола на тој начин ја комплетираше „тројката“ оваа сезона, откако претходно го освои ФА Купот и Премиер лигата.
Интер ќе остане на „само“ освоениот Куп на Италија, а иако им беше судено да бидат аутсајдери во ова финале, вечерва ќе има „неро-аѕури“ за што да жали.
Иако Бернардо Силва имаше опасен удар на стартот, малку непрецизен, Сити не беше толку опасен како што се очекуваше.
Уште повеќе што видовме многу несигурност и грешки во редовите на „граѓаните“ кои ги натераа „неро-аѕурите“ да одат напред можеби и повеќе отколку што планираа.
Така, во неколку наврати видовме вкрстени удари кои не поминаа низ нивните цели, но внесоа немир во последната линија на англискиот шампион.
Исто така и упатената топка која Николо Барела не успеа да ја претвори во гол од преку 30 метри во 26. минута.
|
Една минута подоцна Сити ја имаше најубавата шанса во првото полувреме, а по една акција за него, Ерлинг Халанд наместо во мрежата го погоди Андре Онана .
А потоа, во 30. минута се случи голем пех за Гвардиола и Сити, бидејќи Кевин де Бруин се пожали на повреда. На несреќниот Белгиец му се случи во второ финале од Лигата на шампионите да мора предвреме да ја напушти играта поради повреда.
Тоа влијаеше на Сити во остатокот од натпреварот, но Гвардиола успеа да го консолидира својот тим на паузата.
Повторно, една голема грешка можеше да ги чини скапо. Ја создаде Мануел Аканџи, необјасниво промашувајќи ја топката до премногу далечниот Едерсон.По грешка на Аканџи Лаутаро Мартинез излезе пред Едерсон, но беше себичен и од мртов агол се обиде да го совлада бразилскиот голман кој одлично се постави.
Во 58-та минута Мануел Аканги упати одлично додавање зад одбраната на Интер, топката на Бернардо Силва не ја најде целта во шеснаесетникот, но Родри со прецизен удар донесе водство.
Потоа следуваа две шанси за Интер кога Димарко ја погоди пречката а подоцна промаши и Лукаку.
Лукаку успеа да го погоди Едерсон од пет метри, иако веќе сите ја видоа топката во мрежата за 1:1.
Таа не влезе и навивачите на Сити тогаш можеа да претпостават дека им дојде крајот на чекањето - ќе станат шампиони на Европа за прв пат во историјата!
Ново на Сител
-
40-годишник од Скопје пијан ја тепал и гризел сопствената мајка
-
КЛ: Противници од Сан Марино, Белорусија и Црна Гора за Вардар, Работнички и Силекс
-
Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ
-
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Тешко повреден 43-годишник од Србија, со мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот
-
При ископ во с.Калишта, струшко била пронајдена артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна
-
Приведени две лица од Бугарија на ГП Табановце, при гранички проверки пронајдена е дрога
-
50-годишна скопјанка пријавила дека била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед