-->
-->
Манчестер Јунајтед се вклучува во борба за потписот на Френки де Јонг
-->
Манчестер Јунајтед е следниот тим кој покажува интерес за играчот од средниот ред на Ајакс, Франки де Јонг.
Холанѓанецот е главната трансфер цел на Барселона. Каталонците се обидоа да го привлечат минатото лето, но Ајакс одби да го продаде. Тотенхем и Пари Сен Жермен, исто така, не ја кријат желбата да се засилат со 21-годишниот фудбалер, тврди „Сан“.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака да го засили средниот ред со Де Јонг. Силната страна на младиот халф е дека тој може да игра на сите позиции во средината на теренот, а исто така и како централен дефанзивец.
Ајакс е категоричен, сепак, дека нема да го продаде Де Јонг во јануарскиот трансфер прозорец.
Холандскиот гигант сака за Де Јонг помеѓу 50 и 60 милиони евра.
За Манчестер Јунајтед, нема да биде проблем да извади таква сума и да ги загарантираат услугите на Де Јонг, додаваат од изданието.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада