Loading Video...
Ракомет
17. September 2021 - 10:48

Манасков со Веспрем го доби дербито со ПСЖ, Митресвски со Порто поразени од Мотор Запорожје

 
Во елитната Лига на шампиони беше комплетирано 1.коло со одигрувањето на четирите средби во Б групата. 
 
Во дербито унгарскиот првак Веспрем славеше победа над ПСЖ со 34-31, дуел во кој македонскиот репрезентативец Дејан Манасков не успеја да се впише во листата на стрелци, на која најефикасне беше Јахја Омар со десет постигнати голови.
 
Вториот макеоднски репрезентативец кој настапува во оваа конкуренција, голманот Никола Митревски со својата екипа Порто претрпе пораз на гостувањето во Украина кај Мотор Запорожје со 30-27, а Митревски средбата ја заврши со 8 одбрани. 
 
Изненадување на стартот приреди Динамо Букурешт која на домашен терен го победи Киелце со 32-29, додека  единствената победа на гостинските екипи ја оствари Барселона која кај германскиот Фленсбург славеше триумф со 25-21. 
 
Натпреварите од 2.коло во Лигата на шампионите на програмата се следната седмица односно во среда и четврток.