Манасиевски: Младите се срамат од Заев и од оние малкумина од СДММ кои го бранат криминалот на владата
Младите се срамат од Зоран Заев и од оние малкумина од СДММ кои го бранат криминалот на владата
Единствената брана на европската иднина на Македонија е Зоран Заев и неговата криминална банда на власта.
Европската иднина на Македонија и младите во неа е загрозена заради скандалозниот рекетарски октопод кој што со поддршка и амин на Заев се инсталираше во Македонија.
Европските вредности се погазени со Луј Витон правосудството кое е под директна контрола на власта и кое работи по диктат кога треба некој да се прогонува, кога треба некој да се амнестира.
Се додека во Македонија се случуваат крвави тендери во здравството, наместени јавни набавки и сомнителни концесии на функционерите од власта, до тогаш Европската Унија ќе биде далечен сон за младите.
Се дури семејните бизниси на премиерот со плантажи со марихуана се неговиот приоритет, до тогаш 140 илјади млади ќе живеат во сиромаштија, 47% од младите ќе бидат невработени, а 80% од младите ќе сакаат да се иселат.
Младите во Македонија се срамат од малата група луѓе од СДММ кои се уште беспоговорно го слушаат и аминуваат на погрешните политики на Зоран Заев. Животот кој Заев им го ветуваше во Македонија им го претвори во пекол и затоа младите шансата се повеќе ја бараат надвор од својата земја.
Додека во Македонија владее рекетот, неправдата и бизнисите на власта до тогаш се повеќе ќе се зголемува бесперспективноста и очајот во нашата земја. Тоа мора да сопре, а единствената шанса да се дојде до тоа е Зоран Заев
да падне од власт. Само така Македонија ќе добие јасна европска перспектива, а младите својата иднина ќе ја добијат во својата родна земја.
Ново на Сител
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада
-
Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран