Манасиевски: Долгот на СДС кон „Шарените“ се исплаќа експресно, демонстрантите се сместија во МОН
Скандалите на лицемерната Влада на СДС секој ден се повеќе растат. Овојпат владата ги собра шарените демонстранти во Министерството за образование. Оние кои напаѓаа за таканаречена автократија, сега се дел од вистинската автократија, истакна Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Манасиевски вели дека СДС ги изедначи работните групи на МОН со самоформираните пленуми кои немаат право на одлуки, туку само надворешна контрола на работата на министерството.
Тој посочува дека толку од невладините организации кои се претворија во владини послушници под капата на СДС.
-Оние „шарени“ професори и наставници кои повикуваа да им се врати достоинството и на тоа дека „училиштето не е лабораторија“, откако влегоа во МОН молчат и за промените кои Заев планира да ги спроведува во историските учебници. Деновиве не слушнавме никаков став од нив за тој скандалозен чекор кој Заев и Димитров го договараат со соседите. Можеби од нив нема да видиме одбрана на државата, но ќе видиме од граѓаните на Македонија. Низата скандали се зголемуваат секој ден. Народот е секој ден повеќе свесен дека СДС не носи добро за иднината на Македонија. Ова со таканаречените невладини организации кои преку ноќ станаа дел од власта, на 15-ти октомври СДС ќе го плати со катастрофален пораз на локалните избори во секој град низ цела Македонија, потенцира Манасиевски.
Ново на Сител
-
СДСМ: Скандалозна одлуказа отфрлање на кривичната за Христовски – ОЈО е партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ
-
ОЈО ги истражува наводите за дивоградби во Чаир
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче веќе лобирал кај Европските сестрински партии да го поддржат извештајот за Македонија
-
Трошановски: Извештајот во ЕП е добра можност евроинтеграциите да се заштитат од бугарските барања
-
Граѓански иницијативи бараат итни законски измени за незавнисните кандидати на локалните избори
-
Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден