МАН ги достави предлозите за реформи во МРТВ
Македонската асоцијација на новинари – МАН ги презентирала своите ставови за реформи на јавниот сервис МРТ, со цел подобрување на ефикасноста, независноста и професионалните стандарди на јавниот сервис.
МАН во пакетот реформи предлага 4 точки по кои треба да се врши реформата.
Првата точка се однесува на укинување на радиодифузната такса и Финансирање на МРТВ преку средства од Буџетот на РМ, бидејќи сегашниот принцип бил неефикасна.
Потоа МАН прдлага итни мерки за дистанцирање на политичките партии од работата на МРТВ. За да с ереализира ова МАН предлага менаџерски договори на директорот и уредниците на МРТВ и забара за вршење каква било функција во партија, државен орган или јавен сектор.
МАН предлага реформирање на програмскиот совет на МРТ, каде свои претставници да неможат да предлагаат партиите, било од власта било од опозицијата, туку претставници во програмскиот совет на МРТ да бидат лица кои немале функции во партии, државни органи и јавен сектор.
Предлог на МАН е 2 претставници по предлог од МАНУ, 3 од Универзитетската конференција, за почитување на правичната застапеност - 1 член по предлог од Албанскиот театар и уште 1 член од Турскиот театар, 1 член по предлог на Адвокатската асоцијација и 2 члена од новинарските асоцијации (1 до МАН и 1 од ЗНМ), како и 2 члена по предлог од Агенцијата за филм.
Македонската асоцијација на нновинари предлага и укинување на рекламен простор во МРТ, освен за копродукциски емисии и тоа лимитирано на 3 минути рекламен простор во текот на 60 минути.
-

Марјан Николовски
Сите содржини од овој новинар
